Нов Завет

Дела 19:24-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

24. некој си златар, по име Димитриј, кој правеше сребрени храмови за Арте­мида и на занаетчиите им овоз­мо­жу­ва­ше со тоа не мала заработувачка,

25. ги повика нив, а и други работници кои работеа околу такви работи, и им рече: „Другари, познато ви е дека од таа работа зависи нашата благосостојба.

26. А, гледате и слушате дека не само во Ефес, туку скоро во цела Азија, тој Павле убеди и заведе доста народ, ве­леј­ќи дека не се богови оние што се прават со човечки раце.

27. Затоа постои опасност не само нашиот занает да биде презрен, туку и храмот на великата божица Артемида да се смета за безвреден, и да загине ве­личието на онаа, која ја почитува цела Азија и вселената.“

28. Кога го слушнаа тоа, се исполнија со гнев, и почнаа да извикуваат велејќи: „Велика е Артемида Ефеска!“

29. И целиот град се побуни; едно­душ­но се втрчаа во театарот, влечејќи ги со себе Македонците Гај и Аристарх, Пав­ловите сопатници.

30. А кога Павле сакаше да влезе меѓу народот, учениците не го пуштија.

31. Исто така и некои од азиските на­чал­ници, бидејќи му беа пријатели, ис­пратија кај него и го молеа да не се појавува во театарот.

32. И така, едни извикуваа едно, други – друго; зашто меѓу насобраните вла­дееше безредие, и повеќето од нив не знаеја за што се беше собрал народот.

Прочитајте целосна глава Дела 19