Нов Завет

Дела 17:5-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Но некои од Јудејците што не поверуваа, поттикнати од завист, зедоа некои лоши луѓе од пазарите, се насоб­раа по групи и го разбунтуваа градот. Потоа ја нападнаа Јасоновата куќа и почнаа да ги бараат за да ги изведат пред народот.

6. А бидејќи не ги најдоа, го изведоа Јасон и некои браќа пред градските на­чалници и викаа дека оние што го по­бу­ниле целиот свет сега дошле и тука, де­ка нив

7. ги прибрал Јасон, а сите тие пос­та­пуваат против заповедите на царот, из­јавувајќи дека има друг цар – Исус.

8. Така го вознемирија народот и градските началници, кои го слушаа тоа.

9. Но тие, откако добија залог од Јасон и од другите, ги пуштија.

10. А браќата веднаш преку ноќта ги упатија Павле и Сила кон Верија. Тие кога пристигнаа, отидоа во јудејската синагога.

11. Овие беа поблагородни од солун­јани­те; тие го примија словото со голема усрдност и секој ден го проверуваа Писмото, за да се уверат, дали е тоа та­ка.

12. И мнозина од нив поверуваа – од Елините не мал број угледни мажи и жени.

13. Но солунските Јудејци, штом дознаа дека Павле и таму го проповеда словото Божјо, дојдоа и таму за да го потресат и вознемират народот.

14. Тогаш браќата го испратија Павле да оди кон морето, а Сила и Тимотеј ос­танаа таму.

15. Оние, што го придружуваа Павле, го доведоа до Атина и се вратија со заповед од него до Сила и Тимотеј, да дојдат и тие поскоро кај него.

16. И додека ги чекаше нив во Атина, духот на Павле се вознемируваше, гле­дајќи го градот, полн со идоли.

17. И тој расправаше во синагогата со Јудејците и побожните, и секој ден на плоштадот со оние што ќе ги сретнеше.

18. А некои епикурејски и стоички филозофи почнаа да се препираат со него; едни велеа: „Што сака да каже овој празнословец?“, а други: „Се чини дека тој проповеда туѓи божества“, заш­то им благовестеше за Исус и за воскресението.

19. И зедоа, та го одведоа на Аре­опа­гот, велејќи: „Ќе можеме ли да знаеме какво е тоа учење што го проповедаш?

Прочитајте целосна глава Дела 17