Нов Завет

Дела 16:24-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

24. А стражарот, штом прими таква за­повед, ги фрли во повнатрешниот дел од затворот и нозете им ги стегна во клада.

25. На полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Го славеа Бога, а затворени­ци­те ги слушаа.

26. Одеднаш настана голем потрес, та­ка што и темелите на затворот се по­местија, и веднаш се отворија сите вра­ти и оковите на сите отпаднаа.

27. А стражарот на затворот, кога дој­де при свест и ги виде вратите на зат­во­рот отворени, извади меч и сакаше да се убие, зашто помисли дека зат­во­ре­ници­те избегале.

28. Но Павле викна со силен глас и ре­че: „Не задавај си врз себе никакво зло, бидејќи сите сме овде!“

29. А тој побара светло, истрча и рас­тре­перен падна пред Павле и Сила;

30. па, откако ги изведе надвор, рече: „Господари, што треба да направам, па да се спасам?“

31. А тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!“

32. И му го проповедаа словото Гос­по­дово нему и на сите што беа со него во куќата негова.

33. Во истиот час таа ноќ тој ги прими дома и им ги изми раните. Потоа вед­наш беше крстен тој самиот и сите не­гови домашни.

34. Тогаш ги одведе горе во својата ку­ќа, постави трпеза и се зарадува со це­лиот свој дом, зашто поверува во Бога.

35. А кога осамна, војводите пратија судски служители, кои рекоа: „Пушти ги оние луѓе!“

36. Затворскиот стражар му соопшти за тоа на Павле: „Градските судии пра­тија да ве ослободам. Затоа, излезете сите и одете си со мир!“

Прочитајте целосна глава Дела 16