Нов Завет

Дела 14:24-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

24. А потоа минаа низ Писидија, и дојдоа во Памфилија;

25. и, откако го проповедаа словото Господово во Перга, слегоа во Аталија,

26. а оттаму отпловија за Антиохија, откаде што беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија.

27. По нивното пристигнување тие ја собраа црквата, и соопштија за сѐ, што направи Бог со нив и како Тој ја отворил вратата на верата и за незнабошци­те.

28. И таму престојуваа подолго време со учениците.

Прочитајте целосна глава Дела 14