Нов Завет

Дела 14:16-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. Кој поранешните поколенија на на­родите ги остави да врват по нивните патишта,

17. иако не престануваше да сведочи за Себе, правејќи ни добро со праќање дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги срцата наши со храна и веселост.“

18. И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва, (туку секој да си оди во својата куќа. До­дека се наоѓаа таму и поучуваа),

19. од Антиохија и од Иконија пристигнаа некои Јудејци. (И кога апостолите зборуваа отворено, тие го убедија народот да ги напушти, велејќи дека ништо вистинско не зборуваат, туку само лажат;), а кога го придобија народот, го каменуваа Павле, па го извлекоа надвор од градот, мислејќи дека е мртов.

20. Кога се собраа околу него учениците, тој стана и се врати во градот. Утре­дента со Варнава заминаа за Дерва.

21. И, откако го проповедаа Еван­ге­ли­ето во тој град и мнозина придобија за свои ученици, тие се вратија во Листра, Иконија и Антиохија.

22. Тие ги зацврстуваа душите на уче­ниците и, храбрејќи ги да бидат истрај­ни во верата, ги учеа дека во царството Божјо треба да влеземе преку многу ма­ки.

23. Па, откако им ракоположија свеш­теници за секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господ, во Кого беа поверувале.

24. А потоа минаа низ Писидија, и дојдоа во Памфилија;

25. и, откако го проповедаа словото Господово во Перга, слегоа во Аталија,

26. а оттаму отпловија за Антиохија, откаде што беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија.

27. По нивното пристигнување тие ја собраа црквата, и соопштија за сѐ, што направи Бог со нив и како Тој ја отворил вратата на верата и за незнабошци­те.

Прочитајте целосна глава Дела 14