Нов Завет

Дела 14:11-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и из­ви­каа на ликаонски: „Боговите слегле кај нас во човечки лик!“

12. И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, бидејќи тој го водеше зборот.

13. Жрецот, пак, на Зевс, чиј кип се наоѓаше пред новиот град, откако до­ве­де јунци и венци пред портата, сакаше заедно со народот да принесе жртва.

14. Но апостолите Варнава и Павле, кога слушнаа за тоа, ги раскинаа своите облеки, се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи:

15. „Луѓе, зошто го правите ова? И ние сме смртни како и вие, но ви про­по­ве­да­ме да се обратите од овие празноверија кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив;

16. Кој поранешните поколенија на на­родите ги остави да врват по нивните патишта,

17. иако не престануваше да сведочи за Себе, правејќи ни добро со праќање дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги срцата наши со храна и веселост.“

18. И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва, (туку секој да си оди во својата куќа. До­дека се наоѓаа таму и поучуваа),

19. од Антиохија и од Иконија пристигнаа некои Јудејци. (И кога апостолите зборуваа отворено, тие го убедија народот да ги напушти, велејќи дека ништо вистинско не зборуваат, туку само лажат;), а кога го придобија народот, го каменуваа Павле, па го извлекоа надвор од градот, мислејќи дека е мртов.

20. Кога се собраа околу него учениците, тој стана и се врати во градот. Утре­дента со Варнава заминаа за Дерва.

21. И, откако го проповедаа Еван­ге­ли­ето во тој град и мнозина придобија за свои ученици, тие се вратија во Листра, Иконија и Антиохија.

22. Тие ги зацврстуваа душите на уче­ниците и, храбрејќи ги да бидат истрај­ни во верата, ги учеа дека во царството Божјо треба да влеземе преку многу ма­ки.

23. Па, откако им ракоположија свеш­теници за секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господ, во Кого беа поверувале.

Прочитајте целосна глава Дела 14