Нов Завет

Дела 13:48-52 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

48. Незнабошците, слушајќи го тоа, се радуваа и го славеа словото Господово и поверуваа сите, кои беа определени за живот вечен.

49. И словото Господово се распространуваше по целиот крај.

50. Но Јудејците, откако ги наговорија побожните и чесните жени и градските првенци, поттикнаа гонење против Павле и Варнава, и ги истераа од својот крај.

51. Тие, го истресоа правот од нозете свои на нив, и дојдоа во Иконија.

52. А учениците се исполнија со радост и Дух Свети.

Прочитајте целосна глава Дела 13