Нов Завет

Дела 12:10-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. Откако ја изминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, што водеше кон градот, а таа им се отвори сама. Тие излегоа и преминаа преку ед­на улица, и во тој час ангелот го снема.

11. Тогаш Петар, откако дојде на себе, си рече: „Сега знам дека навистина Господ го пратил Својот ангел да ме избави од рацете Иродови и од сѐ, што очекуваше јудејскиот народ.“

12. Сфаќајќи го тоа, тој дојде до куќата на Марија, мајката на Јован, наречен Марко, каде што беа собрани многумина на молитва.

13. А кога Петар затропа на портата, слугинката по име Рода пријде да нас­лушне.

14. И, штом го позна гласот на Петар, таа од радост не ја отвори портата, туку се втрча и јави дека Петар стои пред портата.

15. А тие ѝ рекоа: „Луда ли си ти?“ Но таа потврдуваше дека тоа е така. А тие велеа: „Тоа е сигурно неговиот ангел.“

16. Петар, пак, постојано чукаше. А кога му отворија, го видоа и се зачудија многу.

17. Тој им мавна со раката да молчат, а потоа им раскажа како Господ го извел од затворот, и рече: „Соопштете му за ова на Јаков и на браќата!“ Потоа из­ле­зе и отиде на друго место.

Прочитајте целосна глава Дела 12