15. И повторно дојде глас кон него: „Она што Бог го очистил, ти не го сметај за нечисто!“
16. Тоа се повтори трипати, а садот пак се крена кон небото.
17. И додека Петар беше во недоумица што значи тоа видение што го виде, ете ги луѓето, испратени од Корнилиј, кои откако се распрашаа и го најдоа домот на Симон, застанаа пред портата.
18. Тогаш повикаа и прашаа: „Овде ли гостува Симон, наречен Петар?“
19. И додека Петар размислуваше за видението, Духот му рече: „Ете, те бараат тројца луѓе.
20. Туку стани, слези и оди со нив, не размислувајќи ништо; зашто Јас ги пратив!“
21. Штом слезе кај луѓето, испратени од Корнилиј кај него, Петар рече: „Јас сум тој, кого го барате. Зошто сте дошле?“
22. А тие му одговорија: „Стотникот Корнилиј, човек праведен и богобојазлив, познат по своите добрини меѓу сиот јудејски народ, прими заповед од свет ангел да те повика во својот дом и да ги послуша твоите зборови.“
23. Тогаш Петар ги повика внатре и ги нагости. А утрината стана и отиде со нив; со него заминаа и некои браќа од Јопија.
24. Следниот ден тие пристигнаа во Кесарија. А Корнилиј ги чекаше, повикувајќи ги своите роднини и блиски пријатели.
25. Додека Петар влегуваше, Корнилиј му дотрча во пресрет, падна пред нозете негови и му се поклони.
26. А Петар го подигна и му рече: „Стани, и јас сум само човек.“