Нов Завет

Дела 1:4-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. Еднаш кога ги собра, Тој им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот што сте го слушале од Мене:

5. Јован крштеваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крс­те­ни со Светиот Дух.“

6. А тие, кои беа собрани, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли Ти ќе го вос­тановиш, Господи, царството Из­ра­иле­во?“

7. И Тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или часот што Отецот ги поставил во Своја власт;

8. но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете све­до­ци во Ерусалим и во цела Јудеја и Са­марија, и сѐ до крајот на земјата.“

9. И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа Тој се подигна, и облак Го под­зе­де од пред очите нивни.

10. И како што гледаа кон небото додека Тој се вознесуваше, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека,

11. и рекоа: „Луѓе Галилејци, што сто­ите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што Го видов­те да оди на небото.“

12. Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Маслинова, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење.

13. И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што престојуваа Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов.

14. Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со браќата Негови.

15. И во тие дни Петар стана меѓу бра­ќата, а беа се собрале околу сто и дваесет души и рече:

16. „Мажи браќа! Требаше да се исполни напишаното што го беше претска­жал Светиот Дух преку устата Да­ви­до­ва за Јуда, водачот на оние што Го фа­тија Исуса,

17. зашто тој беше вброен меѓу нас и беше примил дел од оваа служба;

Прочитајте целосна глава Дела 1