Нов Завет

2 Тимотеј 4:16-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. При мојата прва одбрана никого не­маше кај мене: сите ме оставија. Нека не им се прими за грев!

17. Но Господ беше со мене и ме зак­репна, та преку мене да се утврди Бла­говестието и да чујат сите незнабошци; и јас се избавив од устата на ла­вот.

18. Господ ќе ме избави од секакво ло­шо дело и ќе ме запази за Своето небес­но царство. Нему слава во вечни векови. Амин!

19. Поздрави ги Прискила и Акила, и Онисифоровиот дом.

20. Ераст остана во Коринт. А Трофим го оставив болен во Милит.

Прочитајте целосна глава 2 Тимотеј 4