5. А, ако пак, некој се натпреварува, нема да добие венец доколку не се борел според правилата.
6. Земјоделецот што се труди прв треба да вкуси од плодот.
7. Размисли што ти зборувам и Господ ќе ти даде да разбереш сѐ!
8. Спомнувај си Го Господ Исус Христос од Давидовото семе, Кој воскресна од мртвите, според моето Евангелие,
9. поради кое страдам дури до окови, како злосторник. Но словото Божјо не може да се стави во окови.
10. Затоа сѐ трпам заради избраните, за да добијат и тие спасение во Христос Исус со вечна слава.