1. Чедо мое, зајакнувај во благодатта што ти е дадена од Христос Исус,
2. и сѐ што си чул од мене пред многу сведоци, предај го на верни луѓе кои се способни и други да научат.
3. Па така, поднесувај ги страдањата како добар војник на Исус Христос.
4. Зашто никој кој служи како војник не се вплетува во работите на секојдневниот живот, за да му угоди на својот војсководач.