Нов Завет

2 Солуњаните 1:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Павле, Силван и Тимотеј до срк­ва­та на Солуњаните во Бог Отецот наш и Господ Исус Христос:

2. благодат вам и мир од Бог Отецот наш и Господ Исус Христос!

3. Должни сме секогаш да Му благода­риме на Бога за вас, браќа, онака како што прилега, затоа што верата ваша не­обично многу расте, и заемната љубов кај сите вас изобилува,

4. така што ние самите се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера и покрај сите прогони и ма­ки, што ги поднесувате:

Прочитајте целосна глава 2 Солуњаните 1