Нов Завет

2 Коринтјаните 9:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Секој да дава како што одлучил во срцето, а не со жал или принуда; зашто Бог го љуби оној што од срце дава.

8. А Бог може изобилно да ве дарува со секаков дар, секогаш да имате доволно за сѐ, да бидете од сѐ срце дарежливи во секое добро дело.

9. Како што е напишано: „Раздаде, им даде на сиромашните; правдата Негова останува вечна.“

10. А Оној Кој му дава на сејачот семе и леб за храна, Тој ќе го умножи и семето ваше, и ќе ви даде да изобилуваат плодовите на вашата правда,

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 9