Нов Завет

2 Коринтјаните 7:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секоја нечистота на телото и на духот, исполнувајќи ја светоста во страв Божји.

2. Примете нѐ во срцата ваши: никому не сме му нанеле неправда; никого не упропастивме, ниту, пак, некого искористивме.

3. Ова не го зборувам за да осудувам, зашто пред малку реков дека сте во ср­цата наши, за да умреме и да живееме заедно.

4. Голема е мојата увереност во вас, многу се фалам со вас; се исполнив со утеха, преизобилувам со радост покрај сите наши маки.

5. Зашто, кога дојдовме во Македонија, никакво спокојство немаше телото на­ше, но од секаде бевме притеснети во маки; однадвор борби, однатре страв.

6. Но Бог, Кој ги утешува понизните, нѐ утеши со доаѓањето на Тит.

7. И не само со неговото доаѓање, но и со утехата, со која се беше утешил тој поради вас, известувајќи нѐ за вашиот копнеж, за вашиот плач, за вашата рев­ност кон мене, така што јас уште по­веќе се зарадував.

8. Зашто, ако сум ве и ожалостил со посланието, не ми е жал, макар и да ми беше жал, бидејќи гледам дека тоа послание ве ожалостило само за малку време;

9. сега се радувам не затоа што се ожа­лостивте, туку што се ожалостивте за покајување; бидејќи се ожалостивте по Бога, та никаква штета да не претрпите од нас.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 7