1. И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секоја нечистота на телото и на духот, исполнувајќи ја светоста во страв Божји.
2. Примете нѐ во срцата ваши: никому не сме му нанеле неправда; никого не упропастивме, ниту, пак, некого искористивме.
3. Ова не го зборувам за да осудувам, зашто пред малку реков дека сте во срцата наши, за да умреме и да живееме заедно.
4. Голема е мојата увереност во вас, многу се фалам со вас; се исполнив со утеха, преизобилувам со радост покрај сите наши маки.
5. Зашто, кога дојдовме во Македонија, никакво спокојство немаше телото наше, но од секаде бевме притеснети во маки; однадвор борби, однатре страв.