Нов Завет

2 Коринтјаните 7:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секоја нечистота на телото и на духот, исполнувајќи ја светоста во страв Божји.

2. Примете нѐ во срцата ваши: никому не сме му нанеле неправда; никого не упропастивме, ниту, пак, некого искористивме.

3. Ова не го зборувам за да осудувам, зашто пред малку реков дека сте во ср­цата наши, за да умреме и да живееме заедно.

4. Голема е мојата увереност во вас, многу се фалам со вас; се исполнив со утеха, преизобилувам со радост покрај сите наши маки.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 7