9. за непознати, а добро сме познати; нѐ држат како да сме на умирање, а еве – живи сме; како казнети, а неумртвени;
10. нѐ нажалуваат, а ние сме секогаш весели; нѐ сметаат за бедни, а мнозина обогатуваме; како ништо да немаме, а сѐ имаме.
11. Устата наша е отворена за вас Коринтјани, и срцето наше се раширува.
12. Вам не ви е тесно во нас, но тесно ви е во срцата ваши.
13. За исто вознаградување ви зборувам како на чеда: бидете и вие широки.
14. Не впрегнувајте се заедно со безверниците; зашто какво заедништво постои меѓу правдата и беззаконието? Што заедничко има меѓу светлината и темнината?
15. Какво согласие може да има меѓу Христос и Велијар? Или, што има заедничко меѓу верник и безверник?
16. Каква спогодба има храмот Божји со идолите? Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.“
17. „Затоа излезете од нивната средина и одделете се!“ Вели Господ, и „Не допирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам!