Нов Завет

2 Коринтјаните 5:14-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. Бидејќи љубовта Христова нѐ гони да го мислиме ова: кога еден умрел за сите, тогаш сите се умрени.

15. А Христос умре за сите, та живите да живеат не веќе за себеси, туку за Оној Кој умре за нив и воскресна.

16. Затоа ние отсега никого не позна­ва­ме по тело; иако Христос Го познавме по тело, но сега веќе не Го познаваме како таков.

17. И така, кој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, се создаде новото.

18. А сѐ е од Бога, Кој нѐ измири со Себе преку Исус Христос и ни го даде слу­же­њето на тоа измирување.

19. Зашто Бог го измири светот со Себе преку Христос, не земајќи ги предвид престапите на луѓето, и го положи во нас словото на измирување.

20. Па така, ние сме Христови пра­те­ници, како Бог да зборува преку нас. Ве молиме во името на Христа: помирете се со Бога!

21. Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Бог за нас Го направи грев, та преку Него да станеме праведност Божја.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 5