Нов Завет

2 Коринтјаните 3:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Пак ли ќе почнеме сами да се фали­ме пред вас? Или ни се потребни, како на некои, препорачувачки писма до вас или од вас?

2. Вие сте нашето писмо, впишано во нашите срца, кое го познаваат и читаат сите луѓе.

3. Јасно е дека вие сте Христово пис­мо, составено преку нашата служба, на­пишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку на човечки срца.

4. Таква сигурност во Бога имаме преку Христа,

5. но не дека сме способни да помисли­ме нешто како од себе; напротив, наша­та способност доаѓа од Бога.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 3