Нов Завет

2 Коринтјаните 13:5-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Испитувајте се сами себе дали сте во верата! Сами проверувајте се! Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен, само ако сте недостојни.

6. А за нас, се надеваме дека ќе раз­бе­рете дека ние не сме недостојни.

7. Му се молиме на Бога да не правите никакво зло; не да се покажеме ние ка­ко достојни, туку вие да вршите добро, па макар ние како недостојни да оста­не­ме.

8. Зашто ние сме силни не против вис­тината, туку за вистината.

9. Се радуваме кога ние слабееме, а вие јакнете. А за тоа и Му се молиме на Бога за вашето усовршување.

10. Овие работи ви ги пишувам додека сум далеку од вас; па, кога ќе дојдам кај вас, да не употребам строгост според власта која ми ја даде Господ за надградување, а не за рушење.

11. И така, браќа, радувајте се, усо­вр­шувајте се, утешувајте се, бидете едно­мислени, живејте во мир, – и Бог на љу­бовта и на мирот ќе биде со вас.

12. Поздравете се еден со друг преку свет целив. Ве поздравуваат сите све­тии.

13. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога и Отецот и заедништвото на Светиот Дух нека би­дат со сите вас. Амин!

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 13