Нов Завет

2 Коринтјаните 13:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Ова е третпат како доаѓам кај вас: „Од устата на двајца или тројца сведоци ќе се потврди секој збор.“

2. Како што ве предупредив, кога бев по вторпат кај вас, така и сега, кога не сум меѓу вас, ги предупредувам оние кои однапред погрешија и сите други, дека ако дојдам пак, нема да поштедувам;

3. вие барате доказ дека зборува Христос во мене, Кој спрема вас не е немоќен, туку е силен меѓу вас.

4. Зашто, иако беше во немоќ распнат, Тој е жив по моќта Божја; бидејќи сме и ние слаби во Него, но ќе бидеме живи со Него, преку силата Божја меѓу вас.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 13