Нов Завет

2 Коринтјаните 12:3-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело – не знам, Бог знае,

4. беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои чо­век не смее да ги каже.

5. Со таков човек ќе се пофалам; но со себе нема да се пофалам, освен со моите слабости.

6. А, пак, кога би посакал да се фалам, не би бил безумен, зашто би кажал вистина; но јас се воздржувам, да не би помислил некој за мене повеќе отколку што во мене гледа, или од мене слуша.

7. И, за да не се превознесувам со премногу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по лицето, да не се превознесувам.

8. Затоа трипати Го молев Господа тоа да го отстрани од мене.

9. Но Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се покажува потполно во слабоста.“ Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во ме­не силата Христова.

10. Затоа уживам во слабости, во нав­редување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.

11. Фалејќи се станав безумен! Вие ме принудивте. Вие требаше да ме пофалите, зашто со ништо не сум по­до­лен од надапостолите, иако сум ништо.

12. Зашто знаците на апостолите се по­кажаа меѓу вас во полно трпение, во знаци, чудеса и силни дела.

13. По што останавте подолни од дру­гите цркви, освен по она што јас не ви дотежнеав? Простете ми ја таа грешка!

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 12