Нов Завет

2 Коринтјаните 11:20-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

20. зашто вие поднесувате ако некој ве поробува, ако некој ве изедува, ако некој граба, ако некој се гордее, ако некој ве удира по образ.

21. Со срамење зборувам дека и ние сме биле слаби. Но ако некој се осмели, во безумство говорам, ќе се осмелам и јас.

22. Евреи ли се? И јас сум! Израилец ли е? И јас сум! Семе Авраамово ли се? И јас сум!

23. Служители Христови ли се? Во без­умство зборувам, јас сум уште повеќе: во напори – изобилно, во затвори – изобилно, во камшикување – прекумерно, во смртна опасност – често.

24. Од Јудејците примив петпати по четириесет без еден удар;

25. трипати сум тепан со стапови, ед­наш каменуван, трипати претрпев бро­долом, и ноќ и ден поминав во длабоко море;

26. многупати сум патувал, сум бил во опасност од реки, во опасност од разбој­ници, во опасност од сонародници, во опасност од незнабошци, во опасност по градови, во опасност по пустини, во опасност по море, во опасност меѓу лажни браќа;

27. во труд и мака, во често неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и голотија.

28. А покрај сѐ друго, тука се уште и секојдневните напади против мене, како и грижата за сите цркви.

29. Кој изнемоштува, без да изнемош­там и јас? Кој се соблазнува, без да се распалам и јас?

30. Ако треба да се фалам, со слабоста своја ќе се пофалам.

31. Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој е благословен во вечни векови, знае дека не лажам.

32. Во Дамаск управителот на цар Аре­та го чуваше градот Дамаск со стража, сакајќи да ме фати; и јас во кош бев спуштен преку прозорец низ ѕди избегав од рацете негови.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 11