Нов Завет

2 Коринтјаните 1:7-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. а и надежта наша за вас е цврста, се утешуваме ли, се утешуваме за ваша утеха и спасение, знаејќи дека како што учествувавте во нашите страдања, така ќе бидете учесници и во утехата.

8. Браќа, не сакаме да ја затаиме не­волјата што нѐ снајде во Азија; дека бевме оптоварени прекумерно, дури преку нашите сили, ние не се надевавме ни живи да останеме.

9. Туку сами во себе ја примивме смртната пресуда за да не се надеваме во себе, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите.

10. Тој нѐ избави од таква страшна смрт, а и уште нѐ избавува. Во Него се надеваме дека и уште ќе нѐ избавува;

11. па со помошта и на вашата молитва за нас многу луѓе да Му благодарат на Бога за даровите што ни се дадени по­ради вас.

12. Бидејќи нашата пофалба е оваа: сведоштво на нашата совест дека со простодушност и искреност пред Бога, а не со телесна мудрост, туку со Божја благодат живееме на светот, особено, пак, меѓу вас.

13. Зашто друго не ви пишуваме, освен она што го читате и разбирате, па се на­деваме дека и до крај ќе го разберете,

14. како што веќе донекаде и разбравте дека ние сме ваша пофалба, како и вие наша, во денот на нашиот Господ Исус Христос.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 1