Нов Завет

2 Коринтјаните 1:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Павле, апостол на Исус Христос, по волја Божја, и братот Тимотеј, до црквата Божја во Коринт заедно со сите светии по цела Ахаја.

2. Благодат и мир од Бог Отецот наш, и Господ Исус Христос!

3. Благословен нека е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на милосрдноста и Бог на секоја утеха.

4. Тој нѐ утешува при секоја наша не­волја, та и ние да можеме да ги уте­ши­ме сите оние кои се во неволја со онаа утеха со која Бог нѐ утешува нас са­ми­те!

5. Зашто, како што изобилуваат Хрис­товите страдања во нас, така изобилува и утехата наша преку Христа.

6. Ако сме во неволја, – тоа е за ваша утеха и спасение; ако сме утешени, тоа е за ваша утеха и спасение. Тие станува­ат делотворни само кога ги претрпувате истите страдања што ги трпиме и ние;

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 1