Нов Завет

1 Тимотеј 5:3-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. Вдовиците почитувај ги, но вистинските вдовици.

4. Ако, пак, некоја вдовица има деца или внуци, тие најнапред нека се научат да го почитуваат својот дом и со тоа да им возвратат со дар на родителите свои, бидејќи тоа е добро и угодно за Бога.

5. А онаа што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и пребива во молитви и молења дење и ноќе.

6. Но онаа, пак, што живее рас­пуш­тено, таа умрела уште додека е жива.

7. Порачувај им го уште и тоа, да би­дат беспорочни.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 5