Нов Завет

1 Тимотеј 5:16-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. Ако некој верник или верничка има во куќата вдовици, нека се грижи за нив, за да не се товари Црквата, па да може да пригледува вистински вдовици.

17. А презвитерите, што добро ја извршуваат својата управителска служ­ба, нека се удостојуваат со двојна почит; а најмногу, пак, оние кои се трудат во словото и во поуката.

18. Зашто Писмото вели: „Не заврзувај уста на вол кој врши“, и: „Работникот ја заслужува својата плата“.

19. Обвинение против презвитери не прифаќај, освен пред двајца или тројца сведоци.

20. А оние што грешат, искарај ги пред сите, па и другите да имаат страв.

21. Те заколнувам пред Бога, пред Гос­под Исус Христос и пред избраните ан­гели да го пазиш ова без предрасуда и ништо да не правиш по пристрасност.

22. Раце на никого не полагај пребрзо, ниту, пак, на туѓи гревови да стануваш соучесник! Пази се себе чист!

23. Не пиј веќе само вода, но употребувај по малку и вино, поради стомакот и честите боледувања!

24. Гревовите на некои луѓе се јасни и однапред ги водат на суд, а на некои по нив одат.

25. Исто така и добрите дела се јасни; а оние што не се такви, не можат да се сокријат.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 5