Нов Завет

1 Солуњаните 5:5-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Бидејќи сите вие сте синови на свет­лината и синови на денот; ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината.

6. И така, да не спиеме како и другите, туку да бидеме будни и трезни.

7. Зашто оние што спијат, ноќе спијат, и оние што се опиваат, ноќе се опиваат.

8. Ние, пак, како синови на денот, да бидеме трезни и облечени во оклопот на верата и љубовта и шлемот на на­дежта за спасение,

9. зашто Бог нѐ определи не за гнев, туку да добиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос,

10. Кој умре за нас, та ние да живееме заедно со Него, било кога сме будни, или кога спиеме.

Прочитајте целосна глава 1 Солуњаните 5