4. Знаеме, возљубени браќа од Бога, дека сте избрани,
5. зашто нашето Евангелие не дојде кај вас само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и во полна увереност: сами знаете какви бевме меѓу вас заради вас.
6. И вие се угледавте на нас и на Господ, кога во големи маки го примивте словото со радост на Светиот Дух,
7. така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја.
8. Зашто од вас одекна словото Господово не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место се пронесе славата за верата во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме.
9. Впрочем, верниците сами разгласуваат за нас, за нашето доаѓање кај вас, и како од идолите се обративте кон Бога за да Му служите на живиот и вистински Бог,
10. и да Го очекувате од небесата Неговиот Син, Кого Тој Го воскресна од мртвите, Исус, Кој нѐ избавува од гневот што доаѓа.