Нов Завет

1 Солуњаните 1:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Од Павле, Силван и Тимотеј – до црквата на Солуњаните во Бог Отецот наш и во Господ Исус Христос, бла­годат вам и мир од Бог Отецот и Господ Исус Христос!

2. Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во мо­лит­вите наши, непрестано,

3. го споменуваме делото на вашата ве­ра, трудот на вашата љубов и истрајноста во надежта ваша во нашиот Господ Исус Христос пред Бога и Отецот наш.

4. Знаеме, возљубени браќа од Бога, дека сте избрани,

5. зашто нашето Евангелие не дојде кај вас само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и во полна увереност: са­ми знаете какви бевме меѓу вас заради вас.

6. И вие се угледавте на нас и на Гос­под, кога во големи маки го примивте словото со радост на Светиот Дух,

Прочитајте целосна глава 1 Солуњаните 1