1. Од Павле, Силван и Тимотеј – до црквата на Солуњаните во Бог Отецот наш и во Господ Исус Христос, благодат вам и мир од Бог Отецот и Господ Исус Христос!
2. Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во молитвите наши, непрестано,
3. го споменуваме делото на вашата вера, трудот на вашата љубов и истрајноста во надежта ваша во нашиот Господ Исус Христос пред Бога и Отецот наш.
4. Знаеме, возљубени браќа од Бога, дека сте избрани,
5. зашто нашето Евангелие не дојде кај вас само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и во полна увереност: сами знаете какви бевме меѓу вас заради вас.
6. И вие се угледавте на нас и на Господ, кога во големи маки го примивте словото со радост на Светиот Дух,
7. така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја.
8. Зашто од вас одекна словото Господово не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место се пронесе славата за верата во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме.
9. Впрочем, верниците сами разгласуваат за нас, за нашето доаѓање кај вас, и како од идолите се обративте кон Бога за да Му служите на живиот и вистински Бог,
10. и да Го очекувате од небесата Неговиот Син, Кого Тој Го воскресна од мртвите, Исус, Кој нѐ избавува од гневот што доаѓа.
Прочитајте целосна глава 1 Солуњаните 1