Нов Завет

1 Коринтјаните 9:15-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. Но јас не ползував ништо од тоа; и не го напишав ова за да се направи така за мене. Зашто за мене е подобро да ум­рам, отколку некој пофалбата да ми ја одземе.

16. Зашто, ако проповедам Евангелие, тоа не е за моја пофалба: бидејќи тоа ми е должност, а тешко мене ако не го про­поведам.

17. Ако доброволно го вршам тоа, то­гаш имам награда; а ако без своја волја – тогаш е тоа само извршување на служба што ми е доверена.

18. А каква ми е наградата? Пропове­дајќи да го предавам Евангелието бес­платно, не ползувајќи го своето право од благовестувањето.

19. Зашто, иако сум слободен од сите, станав роб на сите, та повеќето од нив да ги придобијам:

20. за Јудејците станав Јудеец, за да придобијам Јудејци; за оние што се под Закон, станав како да сум под Закон, за да ги придобијам и тие под Закон;

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 9