Нов Завет

1 Коринтјаните 9:1-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Не сум ли јас апостол? Не сум ли јас слободен? Не Го видов ли Исус Христос, нашиот Господ? Не сте ли вие мое дело во Господ?

2. Ако за други не сум апостол, за вас сепак сум. Бидејќи вие сте печатот на моето апостолство во Господа.

3. Ова е мојата одбрана против оние што ме осудуваат:

4. Зар немаме право да јадеме и да пи­еме?

5. Зар немаме право да водиме со себе сестра, жена верничка, како и другите апостоли и браќата Господови и Кифа?

6. Или само јас и Варнава немаме пра­во на издршка?

7. Кој војувал некогаш на своја сметка? Кој сади лозје, а не јаде од неговиот плод? Или кој пасе стадо, а не пие од неговото млеко?

8. Зар го зборувам ова само како чо­век? Не го вели ли истото и Законот?

9. Бидејќи во Мојсеевиот закон е на­пи­шано: „Не врзувај ја устата на вол што врши.“ Зар Бог се грижи за воловите?

10. Или го вели тоа, главно, за нас? – Да, за нас е напишано тоа; зашто, оној што ора, треба да ора со надеж, и кој врши, да врши со надеж дека ќе го до­бие она што го очекува.

11. ако сме го посеале кај вас духовното, многу ли е, ако го ожнееме кај вас телесното?

12. Ако други имаат право на дел од вашиот посед, тогаш немаме ли ние уш­те повеќе? Но ние не го користевме тоа право, туку сѐ трпиме за да не направиме некаква пречка на Христовото Евангелие.

13. Не знаете ли дека оние што свеш­те­нодејствуваат, се хранат од свети­лиш­те­то, и кои служат на жртвеникот, делат со жртвеникот?

14. Така и Господ заповедал проповед­ни­ците на Евангелието да живеат од Евангелието.

15. Но јас не ползував ништо од тоа; и не го напишав ова за да се направи така за мене. Зашто за мене е подобро да ум­рам, отколку некој пофалбата да ми ја одземе.

16. Зашто, ако проповедам Евангелие, тоа не е за моја пофалба: бидејќи тоа ми е должност, а тешко мене ако не го про­поведам.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 9