Нов Завет

1 Коринтјаните 8:7-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Но тоа знаење го нема секој: некои според досегашната навика за идолите, го јадат месото на жртвите идолски, а совеста нивна им се осквернува бидејќи е нејака.

8. Храната не нѐ приближува кон Бога. Ниту добиваме нешто ако јадеме, ниту нешто губиме ако не јадеме.

9. Но пазете, пак, таа ваша слобода да не стане на некој начин спрепка за сла­бите.

10. Зашто ако некој те види тебе, што имаш знаење, како седиш на трпеза во идолопоклонички храм, нема ли неговата совест, бидејќи е нејак, да биде поттикната да јаде идолски жртви?

11. И покрај твоето знаење ќе пропадне нејакиот, братот за кого умрел Христос.

12. И така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната нејака совест, вие грешите против Христа.

13. Затоа, штом храната го соблазнува мојот брат, тогаш нема никогаш да ја­дам месо, за да не го соблазнувам својот брат.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 8