Нов Завет

1 Коринтјаните 7:25-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

25. А што се однесува до девиците, за нив немам заповед од Господа, но давам совет како човек, кој е помилуван од Господа да биде верен.

26. Поради сегашната потреба го на­оѓам за добро ова: добро е за човекот да остане таков.

27. Сврзан ли си со жена, не барај раз­вод; разврзан ли си од жена, не барај жена.

28. Но, ако се ожениш, нема да згре­шиш; и девицата, ако се омажи, нема да згреши. Но таквите ќе имаат телесни неволји, а јас, пак, повеќе би сакал да ве поштедам.

29. Ова ви го велам, браќа, зашто вре­мето натаму е кратко, та оние, што имаат жена, да бидат како да ја немаат;

30. и кои плачат – како да не плачат; и кои се радуваат – како да не се радуваат; и кои купуваат – како да немаат ништо,

31. и кои се ползуваат од овој свет – ка­ко да не се ползуваат; зашто ликот на овој свет е минлив.

32. Јас, пак, сакам вие да бидете без грижи. Неженетиот се грижи за Гос­по­дови работи, – како да Му угоди на Господа;

33. а женетиот се грижи за световни работи – како да ѝ угоди на жената.

34. Тука е разликата меѓу жената и де­војката. Немажената жена се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господа, за да биде света со телото и со духот; а омажената се грижи за светов­ни работи – како да му угоди на мажот свој.

35. Ова ви го зборувам за ваша корист, не да ви поставам стапица, туку при­мерно и непречено да бидете приврзани на Господ.

36. Ако некој мисли дека е срамно де­вицата негова да му остане таква во напредната возраст, тој нека прави како сака; нема да погреши; таквите нека се мажат.

37. А кој е тврд во срцето свое и нема потреба, а има власт над својата волја, па реши во срцето свое да ја зачува својата девица, тој добро прави.

38. Така оној, кој ќе ја омажи својата девица, добро прави; а оној, што нема да ја омажи, подобро прави.

39. Жената е врзана додека е жив ма­жот нејзин; а ако умре мажот нејзин, таа е слободна да се премажи за кого са­ка, но само во името на Господ.

40. Само, поблажена е ако си остане та­ка, според моето мислење; а мислам де­ка и јас имам Дух Божји.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 7