Нов Завет

1 Коринтјаните 5:9-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. Ви пишав во писмото свое – да не се мешате со луѓе што блудствуваат,

10. но не и воопшто со блудниците од овој свет, или со користољупци, или со грабачи, или со идолопоклоници, заш­то, инаку, би требало да излезете од овој свет.

11. Но сега ви пишувам да не се дру­жи­те со оној кој, нарекувајќи се брат, си останува блудник, или користољубец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница, или грабач; со таков дури и да не јадете.

12. Затоа, дали треба јас да ги судам надворешните? Нели ги судите вие внатрешните?

13. Надворешните, пак, ќе ги суди Бог, а вие исфрлете го лошиот меѓу вас.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 5