6. Јас посадив, Аполос полеа, но Бог направи да израсне.
7. Затоа, ниту оној кој сади е нешто, ниту, пак, оној што полева, туку Бог, Кој прави да израсне.
8. Кој сади и кој полева се едно; а секој ќе ја добие својата награда според својот труд.
9. Ние сме Му соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божјо здание.
10. Според Божјата благодат, што ми е дадена, јас, како мудар градител, поставив темел, а друг надѕидува; само секој нека пази како надѕидува.
11. Зашто никој не може да постави друга основа, освен положената, а таа е Исус Христос.
12. Ако некој ѕида врз таа основа со злато, сребро, драгоцени камења, дрва, сено или слама,
13. сечие дело ќе се покаже јасно; судниот ден ќе го покаже; зашто преку оган ќе се открие, и огнот ќе испита какво е делото на секого.
14. И, ако делото на оној што ѕидал остане, тој ќе прими награда.
15. А оној чие дело ќе изгори, тој ќе биде оштетен, а самиот ќе се спаси, но како низ оган.