Нов Завет

1 Коринтјаните 16:9-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. зашто за мене се отвори голема и за работа погодна врата, а противници има многу.

10. Ако, пак, дојде Тимотеј, гледајте меѓу вас да биде безбеден; зашто тој го извршува делото Господово како и јас.

11. Никој да не го презира, туку испра­тете го во мир, та да дојде кај мене, зашто го очекувам со браќата.

12. А што се однесува до братот Аполос, многу го молев да дојде кај вас со браќата; но, навистина, не сакаше се­га да дојде, а ќе дојде, кога ќе биде по­годно.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 16