Нов Завет

1 Коринтјаните 16:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А што се однесува до собира­ње­то милостина за светиите, пра­вете и вие онака, како што одредив по црквите во Галатија;

2. во секој прв ден од седмицата секој од вас да оддели и остави кај себе колку што може, така што собирањето да не се врши кога ќе дојдам.

3. А кога ќе дојдам, оние што ќе ги одобрите, нив со писма ќе ги испратам, за да го однесат вашиот дар во Еруса­лим.

4. Ако, пак, е потребно да отидам и јас, тогаш ќе појдат со мене.

5. Ќе дојдам кај вас, откако ќе ја поминам Македонија, зашто низ Македонија само ќе минам.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 16