1. А што се однесува до собирањето милостина за светиите, правете и вие онака, како што одредив по црквите во Галатија;
2. во секој прв ден од седмицата секој од вас да оддели и остави кај себе колку што може, така што собирањето да не се врши кога ќе дојдам.
3. А кога ќе дојдам, оние што ќе ги одобрите, нив со писма ќе ги испратам, за да го однесат вашиот дар во Ерусалим.
4. Ако, пак, е потребно да отидам и јас, тогаш ќе појдат со мене.
5. Ќе дојдам кај вас, откако ќе ја поминам Македонија, зашто низ Македонија само ќе минам.
6. А можеби кај вас и ќе се задржам, па дури и да презимувам, та вие да ме придружувате насекаде, каде што ќе одам.
7. Зашто не сакам сега веќе да ве видам само патем; а се надевам, ако допушти Господ, меѓу вас да поминам некое време.
8. А во Ефес ќе останам до Педесетница,
9. зашто за мене се отвори голема и за работа погодна врата, а противници има многу.
10. Ако, пак, дојде Тимотеј, гледајте меѓу вас да биде безбеден; зашто тој го извршува делото Господово како и јас.
11. Никој да не го презира, туку испратете го во мир, та да дојде кај мене, зашто го очекувам со браќата.
12. А што се однесува до братот Аполос, многу го молев да дојде кај вас со браќата; но, навистина, не сакаше сега да дојде, а ќе дојде, кога ќе биде погодно.
13. Бидете бодри, стојте во верата, држете се машки, бидете крепки;
14. Секое ваше дело нека биде во љубов.