Нов Завет

1 Коринтјаните 16:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А што се однесува до собира­ње­то милостина за светиите, пра­вете и вие онака, како што одредив по црквите во Галатија;

2. во секој прв ден од седмицата секој од вас да оддели и остави кај себе колку што може, така што собирањето да не се врши кога ќе дојдам.

3. А кога ќе дојдам, оние што ќе ги одобрите, нив со писма ќе ги испратам, за да го однесат вашиот дар во Еруса­лим.

4. Ако, пак, е потребно да отидам и јас, тогаш ќе појдат со мене.

5. Ќе дојдам кај вас, откако ќе ја поминам Македонија, зашто низ Македонија само ќе минам.

6. А можеби кај вас и ќе се задржам, па дури и да презимувам, та вие да ме придружувате насекаде, каде што ќе одам.

7. Зашто не сакам сега веќе да ве ви­дам само патем; а се надевам, ако до­пушти Господ, меѓу вас да поминам некое време.

8. А во Ефес ќе останам до Пе­де­сет­ни­ца,

9. зашто за мене се отвори голема и за работа погодна врата, а противници има многу.

10. Ако, пак, дојде Тимотеј, гледајте меѓу вас да биде безбеден; зашто тој го извршува делото Господово како и јас.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 16