Нов Завет

1 Коринтјаните 12:4-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. Постојат разни дарби, но Духот е еден и ист;

5. има разни служби, но Господ е еден и ист;

6. и разни дејства постојат, но Бог е еден и ист, Кој извршува сѐ во сите.

7. А на секого му се дава во него да се пројави Духот за полза;

8. зашто, на еден му се дава преку Ду­хот да зборува со мудрост, на друг – да зборува знаење, преку истиот Дух;

9. на еден – вера, преку истиот Дух; на друг – дарби за лекување, преку истиот Дух;

10. на друг – чудотворства, на друг – да пророкува, на друг – да ги разликува ду­ховите, на друг – разни јазици, на друг – да толкува јазици.

11. Сето ова го прави еден и ист Дух, распределувајќи секому поодделно, ка­ко што сака.

12. И како што е телото едно, а има многу делови, и сите делови од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се, – така и Христос.

13. Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело – било Јудејци или Елини, било робови или слободни; и си­те сме со еден Дух напоени.

14. Зашто и телото не се состои само од еден дел, туку од многу.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 12