Нов Завет

1 Коринтјаните 12:1-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А за духовните дарови, не сакам, браќа, да не знаете.

2. Знаете дека, кога бевте незнабошци, се влечевте кај немите идоли, како да ве водеа.

3. Затоа ви давам на знаење дека никој, кој зборува преку Божјиот Дух, не вели: „Проклет да е Исус!“, и никој не може да каже: „Исус е Господ!“, освен преку Светиот Дух.

4. Постојат разни дарби, но Духот е еден и ист;

5. има разни служби, но Господ е еден и ист;

6. и разни дејства постојат, но Бог е еден и ист, Кој извршува сѐ во сите.

7. А на секого му се дава во него да се пројави Духот за полза;

8. зашто, на еден му се дава преку Ду­хот да зборува со мудрост, на друг – да зборува знаење, преку истиот Дух;

9. на еден – вера, преку истиот Дух; на друг – дарби за лекување, преку истиот Дух;

10. на друг – чудотворства, на друг – да пророкува, на друг – да ги разликува ду­ховите, на друг – разни јазици, на друг – да толкува јазици.

11. Сето ова го прави еден и ист Дух, распределувајќи секому поодделно, ка­ко што сака.

12. И како што е телото едно, а има многу делови, и сите делови од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се, – така и Христос.

13. Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело – било Јудејци или Елини, било робови или слободни; и си­те сме со еден Дух напоени.

14. Зашто и телото не се состои само од еден дел, туку од многу.

15. Ако ногата рече: бидејќи не сум ра­ка, не сум дел од телото, зар само заради тоа таа не припаѓа на телото?

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 12