10. Затоа жената треба да има на главата свој знак од власта на мажот над неа поради ангелите.
11. Па сепак, ниту жена е без маж, ниту маж е без жена во Господ.
12. Зашто, како што е жената од мажот, така е и мажот преку жената; а сѐ е од Бога.
13. Просудете сами во себе: доликува ли жена да Му се моли на Бога гологлава?
14. Нели и самата природа ве учи дека е срамно за мажот да има долга коса?
15. Но, ако жената си ја остави косата, тоа е украс за неа, бидејќи косата ѝ е дадена место превез.
16. Но, ако некој сака да се препира, ние немаме таков обичај, ниту црквите Божји.
17. А заповедајќи ви го ова, не можам да ве пофалам дека за подобро, туку за полошо се собирате.
18. Прво, пак, слушам дека, кога се собирате в црква, се појавуваат расколи меѓу вас, во што делумно верувам.