16. Чашата на благословот, која ја благословуваме, не е ли заедништво со крвта Христова? Лебот, што го кршиме, не е ли заедништво со телото Христово?
17. Бидејќи лебот е само еден, едно тело сме ние многуте, зашто сите сме причесници од еден леб.
18. Гледајте го Израил според телото: оние што јадат од жртвите, не се ли причесници со жртвеникот?
19. А што да кажам? Дека идолските жртви се нешто, или дека идолот е нешто?
20. Не! Но она што го принесуваат незнабошците како жртва, го принесуваат на демони, а не на Бога; јас, пак, не сакам да бидете во заедништво со демоните.
21. Не можете да пиете од Господовата чаша и од чашата на демоните; не можете да учествувате на Господовата трпеза и на трпеза на демоните.
22. Дали, пак, ќе побудиме завист во Господ? Та посилни ли сме од Него?
23. „Сѐ е допуштено!“ Но не е сѐ полезно: „Сѐ е допуштено!“ Но сѐ не се наградува.
24. Никој нека не ја бара својата лична полза, туку ползата на другиот.
25. Сѐ што се продава на пазар, јадете без какво и да било испитување поради совеста;
26. зашто „Господова е земјата и она што ја исполнува.“