Нов Завет

1 Јован 3:9-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. Секој што е роден од Бога, грев не прави, зашто семето Негово пребива во него; и не може да греши, бидејќи е ро­ден од Бога.

10. Чедата Божји и чедата ѓаволски по тоа и се познаваат. Секој што не пос­та­пува праведно, и секој што не го љуби братот свој, не е од Бога.

11. Зашто тоа е пораката што ја чувте од почетокот – да се сакаме еден со друг.

12. Но не како Каин, кој беше од лу­ка­виот и го уби брата си. А зошто го уби? Затоа што неговите дела беа лоши, а на неговиот брат – праведни.

13. Не чудете се, браќа мои, ако светот ве мрази.

14. Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги љубиме бра­ќата свои; оној што не го љуби братот свој, тој останува во смртта.

15. Секој што го мрази братот свој, е човекоубиец; и познато ви е дека ниеден човекоубиец нема живот вечен, што ќе остане во него.

16. Љубовта ја познаваме по тоа што Тој ја положи за нас душата Своја; но и ние сме должни да ги полагаме душите свои за браќата.

17. Ако некој има световни блага, па кога ќе го види својот брат во немаш­ти­ја, та го затвори срцето свое од него – како тогаш ќе може да остане во таков Божјата љубов?

18. Чеда мои, да не се сакаме со збо­ро­ви или со јазик, туку со дела и вистина!

Прочитајте целосна глава 1 Јован 3