Нов Завет

1 Јован 3:15-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. Секој што го мрази братот свој, е човекоубиец; и познато ви е дека ниеден човекоубиец нема живот вечен, што ќе остане во него.

16. Љубовта ја познаваме по тоа што Тој ја положи за нас душата Своја; но и ние сме должни да ги полагаме душите свои за браќата.

17. Ако некој има световни блага, па кога ќе го види својот брат во немаш­ти­ја, та го затвори срцето свое од него – како тогаш ќе може да остане во таков Божјата љубов?

Прочитајте целосна глава 1 Јован 3