14. Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги љубиме браќата свои; оној што не го љуби братот свој, тој останува во смртта.
15. Секој што го мрази братот свој, е човекоубиец; и познато ви е дека ниеден човекоубиец нема живот вечен, што ќе остане во него.
16. Љубовта ја познаваме по тоа што Тој ја положи за нас душата Своја; но и ние сме должни да ги полагаме душите свои за браќата.
17. Ако некој има световни блага, па кога ќе го види својот брат во немаштија, та го затвори срцето свое од него – како тогаш ќе може да остане во таков Божјата љубов?
18. Чеда мои, да не се сакаме со зборови или со јазик, туку со дела и вистина!
19. И по тоа ќе знаеме дека сме од вистината, и пред Него ќе го увериме своето срце;
20. бидејќи, ако срцето наше нѐ осуди, Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ.
21. Возљубени, кога нашето срце не нѐ осудува, тогаш ние имаме слобода пред Бога,
22. и, што и да побараме, добиваме од Него, бидејќи ги чуваме Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него.
23. А заповедта Негова е таа, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал.
24. И оној, што ги чува заповедите Негови, пребива во Него, и Тој – во него. А дека Тој пребива во нас, знаеме по Духот што ни Го дал.